Дали е ова најглупавиот криминалец? Човекот од прва рака сфати дека „фалбата е р’ѓа“

Дилан Барфут (32) е осуден на две години и шест месеци затоа што не знаел како да си ја затне муцката. Тој упаднал во хостел за туристи каде што запалил молотов коктел пред вратата на еден негов „ривал“ за девојка. Како тоа да не е доволно глупаво влегол во такси и веднаш се пофалил.

Тој и рекол на шокираната жена возач: „Само што фрлив молотов коктел на влезната врата на овој кретен. Сѐ се запали, беше лудо. Тогаш се степав со кретенов.“ Одбјаснил Дилан. Тој ѝ рекол на таксистката да го почека пред хостелот затоа што „ќе излезе во брзање“. По него тргнале да го бркаат и бесни резиденти од хостелот.

Главниот судија Соња Браунхил изјави пред Врховниот суд на Северната Територија дека Барфут бил мотивиран од „одмазда и љубомора“ откако неговата поранешна девојка почнала да се гледа со друг маж.

Дилан „прекумерно пиел“ цела ноќ и бил „премногу пијан“ за да оди на работа следниот ден, па се вратил во пабот и пиел додека „не му снемало пари“.

„Вашата интоксикација не е изговор за вашите постапки“, рече Џастис Браунхил.

„Прекршокот беше планиран, затоа што мораше да го набавите или да го направите молотовиот коктел, отидовте и купивте запалка за да го запалите, а потоа со такси патувавте до локацијата и договоривте да ве однесе откако сте го извршиле прекршокот.“