Случајниот минувач предизвика вистинска катастрофа на велосипедска трка во Турција

Човекот изгледа немаше поим дека шета по патеката по која се тркаат велосипедите, па најнормало си одеше. Случката не заврши добро за францускиот велосипедист Насер Бухани, бидејќи беше пренесен во болница каде му беше констатирана фрактура на првиот вратен пршлен.