Учителката-херој спасува ученик кој голтнал капаче

Во едно од училиштата во Њу Џерси, 9-годишниот Роберт Стонакер сакал да си го отвори шишето вода со устата, а не со рацете. Капакот му се спуштил низ грлото и не можел да го искашла и почнал да се дави. Тогаш момчето истрчало кај учителката Џенис Џенкинс. Таа брзо ја проценила ситуацијата и веднаш знаела што да направи. Го свртела момчето, за да му го изведе маневарот Хајмлих и капакот излетал.