Дали знаевте дека има нелегална храна? Овие 10 познати намирници нема да можете да ги купите во некои земји во светот
Сите знаеме дека постојат одредени намирници кои треба да ги избегнуваме. Нашата исхрана треба да биде урамнотежена, со малку сол и шеќер, без нездрави масти и без преголема обработка. Нам ни е јасно дека има намирници кои треба да се избегнуваат од здравствени причини, но дали знаевте дека во светот постојат намирници кои се забранети со закон?
Постојат голем број причини зошто владите ја забрануваат храната, најчесто поврзани со нехумани производствени процеси или прекршување на заштитен знак.
Избравме неколку добро познати намирници кои нема да можете да ги јадете во некои делови од светот.
1. Фоие Грас
Овој специјален прехранбен производ се смета за вреден кулинарски специјалитет. Потекнува од Франција и буквално значи „замастен црн дроб“. Направен е од црн дроб од патка или гуска и е забранет од САД, Финска, Италија, Полска и Турција.
Се произведува со присилно хранење на млади патки или гуски додека нивните црни дробови не набабрат повеќе од осум пати од природната големина. Паштеата е забранета бидејќи се прави на сметка на настраданото животно.
2. Кавијар Белуга
Оваа позната храна е поскапа од сувото злато. Кавијарот Белуга се добива од жива риба, есетрата белуга, која е една од најголемите и најретките видови на оваа риба. Овој вид кавијар некогаш беше на врвот на листата на деликатеси во САД. Поради прекумерната жетва на кавијар и активната работа на црниот пазар, тој сега е забранет во САД.
3. Скитлс
Едни од најпознатите бонбони во светот која децата ја обожаваат е забранета во Шведска и Норвешка. Кога ќе ги отворите Skittles и ќе се подготвите за „вкусот на виножитото“, вие истовремено вкусувате штетни, вештачки бои. Жолтите бонбони се најкритични бидејќи бојата содржи штетно соединение, тартразин. Скандинавските земји ги забранија бидејќи веруваат дека предизвикуваат хиперактивност кај децата.
4. Фогу
Ова е еден од најценетите деликатеси во Јапонија и Кореја, а доколку не се подготви правилно, може да биде еден од најсмртоносните. Фогу треба да ја подготви готвач кој е специјално обучен за подготовка на оваа конкретна риба.
Фогу може да предизвика парализа, па дури и смрт, па затоа е забранета во голем дел од светот. Доколку сакате да пробате правилно подготвени „Фогу“ во Јапонија, подгответе најмалку 200 долари.
5. Киндер јајца
Едно од најпознатите слатки во светот, вклучувајќи ја и Македонија, е целосно забрането во Америка. На прашањето што е спорно за јајцата Киндер, американската Администрација за храна и лекови вели – сè. Со децении во САД е забранета продажбата на прехранбени производи кои содржат скриени предмети.
6. Американското месо е забрането во ЕУ
Американското пилешко е забрането бидејќи се капе со хлор за да ги убие бактериите. Говедското месо е забрането бидејќи содржи синтетички хормони кои го пумпаат месото за да го направат поголемо. Овие хормони, според истражувањата, имаат голем број канцерогени својства. Ниту американското свинско месо не може да дојде во ЕУ. Употребата на лекот рактопамин, според европските истражувања, предизвикува хиперактивност и зголемен пулс.
7. Инстант пире од компири
Потребно е малку повеќе време за да се подготви еден од најпознатите прилози во светот, па затоа е популарно во светот да се купи инстант пире, да се измеша со малку вода и млеко и да се ужива за само неколку секунди. Во Јапонија и Австралија луѓето мораат да прават пире на класичен начин. Овој производ е забранет таму бидејќи содржи конзерванс бутил хидроксианизол кој е една од состојките на гумата.
8. Гума за џвакање
Додека во остатокот од светот тоа е сосема нормално, во Сингапур е забрането да се џвака мастика. Главната причина е одржување на чистотата и спречување на непријатни ситуации.
9. Кечап
Додека остатокот од светот ужива во компири со најпознатиот сос од домати, Французите го немаат тој луксуз. Кечапот е забранет во француските училишта за да се спречи конзумирањето на штетниот сируп од пченка и други состојки кои се наоѓаат во кечапот.
10. M & M
Исто како и бонбоните Skittles, ова колоритно задоволство е забрането поради вештачките бои кои можат лошо да влијаат на здравјето. Шведскиот суд неодамна пресуди дека тие се забранети во нивните граници бидејќи фонтот на пакувањето е премногу сличен со фонтот на шведското чоколадо Marabou.