Злосторства во Норвешка, полевање со вода, маскенбал: 7 необични велигденски обичаи низ светот
Додека Македонците си ги одмеруваат силите и техниките чии велигденски јајца ќе останат недопрени по празничниот појадок, Британците ги пуштаат јајцата низ ливадата. Додека Норвежаните помалку се грижат за велигденските јајца – тие уживаат да читаат или гледаат добра криминална приказна…
Зајакот не е битен
Мал Билбил осамнува во чоколадна форма на полиците низ Австралија. Причина? Подигнување на свеста дека ова е загрозен и заштитен вид. Зајаците и онака не се омилени таму бидејќи неуморно ја џвакаат вегетацијата и земјоделските култури откако се појавија во 19 век.
Кајгана за 1000 луѓе
Во Хо, Франција, имаат мегаломански пристап кон велигденскиот појадок. Имено, тие во овој период од годината се фрлаат во кршење јајца за да испечат огромен омлет. За овој кулинарски потфат, се кршат повеќе од 4.500 јајца за да се нахранат повеќе од илјада луѓе. Спектакл!
Полевање со вода
Влажната честитка во Унгарија е омилена традиција на давање подарок на жени. Мажите и жените облечени во традиционални носии се собираат на отворено за да го прослават Велигден со необичен ритуал. Мажите посегнуваат по кофи со вода, а потоа ги полеваат жените, кои пак им даваат велигденски јајца. Што е малку вода за среќа, сметаат Унгарците.
Велигденски маскенбал
Во Финска, во неделата пред Велигден, децата облекуваат костими како вештерки и излегуваат на улица во потрага по луѓе да им дадат слатки. Тие ѕвонат од врата до врата, нудејќи украси направени од хартија и пердуви за да ги избркаат злите духови, а домаќините им нудат чоколадни јајца и други задоволства.
Само црвени јајца
И додека остатокот од Европа бојадисува велигденски јајца во различни нијанси за празничните трпези да бидат што повесели, Грците се држат до црвено. Црвените велигденски јајца се дел од традицијата која го симболизира животот како и крвта на Исус Христос.
Злосторства во Норвешка
Норвежаните решаваат злосторства на Велигден; весниците објавуваат кратки детективски приказни, на телевизија се емитуваат криминални серии, па дури и нерасчистени убиства се печатат на кутии со млеко. Ниту, пак, е невообичаено пекарниците да објавуваат на социјалните мрежи прашувајќи кој ги украл печивата. Ден пред Цветници, 24 март 1923 година, норвешкиот весник Афтенпостен објави дека „возот за Берген бил ограбен“. Иако веста беше лажна, таа предизвика голем интерес кај Норвежаните, а традицијата остана…
Јајца надолу по падината
И додека ги мериме силите чии јајца имаат посилна лушпа и пробуваме техники за кршење на велигденското јајце Британците излегуваат од куќите во ливади или стрмни улици за да ги фрлат велигденските јајца по ридот. Традицијата е стара сто години, а победник е оној чие јајце ќе стигне најдалеку.