Оваа навидум обична маица ќе ве направи невидливи за технологијата за препознавање лице

Чудната и прекрасна маица со необични шари ја дизајнираа истражувачите од Универзитетот Northeastern и тимот успеа да ги идентификува областите на телото каде што додавањето бучава од пиксели може да ја збуни вештачката интелигенција.

Ова ефикасно го прави оној што ја носи маицата невидлив, од перспектива на вештачка интелигенција.

Зошто обичниот човек би сакал да го направи ова, е друга тема, меѓутоа, тимот тврди дека „морничавоста на дигиталниот надзор“ може да се избегне, известува Wired, што е прилично кул.

„Маичката работи на невронските мрежи што се користат за откривање на објекти“, објасни Кју Лин, асистент професор по електротехника и компјутерско инженерство во Northeastern, и коавтор на неодамнешниот труд на оваа тема.

Иако создавањето на технологија за видео надзор не поминало без тешкотии.

„За физичките напади, вистинскиот предизвик е да останете неоткриени за време на целото времетраење на видеото“, вели Батиста Биџо, асистент професор на Универзитетот во Каљари и креатор на првиот ваков пример, кој беше успешен во измамата за откривање спам-пошта.

Маичката е создадена во 2020 година и оттогаш, имавме огромна пандемија, која секако промени многу животи.