10-годишна австралиска ученичка создаде империја на играчки и стана милионерка

Ученичката Пикси Кертис има 10 години и создаде сопствена бизнис империја преку социјалните мрежи, со која заработи милиони долари.

Девојчето со помош на нејзината мајка Рокси Кертис отвори компанија за продажба на детски играчки и облека Pixie’s Pixs и девојчето стана заштитни лице на компанијата. Во првиот месец, бизнисот оствари приход од 200.000 долари.

„Бизнисот стана толку успешен што Пикси може да се пензионира на 15 години“, иронично коментира мајката.

Во моментот семејството Кертис живее во куќа за 6,6 милиони долари. Покрај тоа, десетгодишната инфлуенсерка има на располагање неколку луксузни автомобили, за кои се потрошени повеќе од 250 илјади долари.