Жена со вештачки стомак совршено му се одмазди на маж кој ѝ кажал дека никогаш нема да биде привлечна
Ени Џенкис била толку повредена што веднаш ја избришала апликацијата за запознавање Тиндер откако злобен човек ѝ пишал дека таа „никогаш нема да биде секси на ниту еден маж“.
31-годишната жена првин се борела со своите емоции, но потоа решила да му возврати на ударот, но таа не удрила толку ниско како него.
31-годишната девојка е родена со парализирано големо црево, а имала операција за да надворешна стомачна кеса во 2016 година. Мајката на едно дете, вели дека имала и негативни коментари и порано но никогаш не била во ваква ранлива подолжба бидеќи подолго време била сама и се надевала дека ќе запознае некој, а всушност наишла на навреди.
Ени не сака да биде како злобниот маж и вели дека нема да го открие неговиот идентитет иако тој ѝ кажал: „Жена која се*е во кеса, никогаш нема да биде секси или привлечна за било кој маж.“ Во негова „чест“ Ени одлучила да направи фотосесија во долна облека и да ја покаже кесата.
Таа објавила и фотографии по операцијата, велејќи дека кога повторно ќе го активира профилот ќе ги има сите овие фотографии, затоа што не сака да се става во непријатна ситуација да им објаснува на луѓето кога ќе ги запознае. Туку сака оној кој ќе ја запознае свесно да се одлучи на тоа, кога ќе види со каков проблем се соочува.