Некогаш беше вистински убавец, а сега стана непрепознатлив, но 20 години помладата свршеница нема проблем со тоа

Американскиот актер Реј Лиота (67) порано им беше миленик на жените, но веќе не е ниту сенка на убавината по која го паметиме.

Последниве години се зборува само за неговото затегнато лице, кое тешко може да го насмее бидејќи се предозирал со ботокс и лифтинг, иако упорно негира дека си направил нешто.

Но, фотографиите зборуваат наместо него, па веќе не е лесно да се препознае на улица, но папараците сега успеаја да го фатат на прошетка во Лос Анџелес, со неговата 20 години помлада свршеница Џејси Нитоло.

Парот се шеташе држејќи се за рака, а си размениле неколку нежности и воопшто не обрнувале внимание на љубопитните погледи и камерите.

Реј и Џејси се свршија во 2020 година и се чини дека не брзаат кон олтарот. Пред неа седум години беше во брак со актерката Мишел Грејс, со која ја има ќерката Карсен Лиота, а таа има и ќерка и три сина од поранешните врски.

Инаку, Реј е најпознат по улогата на Хенри Хил во криминалистичката драма „The Good Guys“, а го гледавме и во популарната серија „Shades of Blue“ со Џенифер Лопез.