Манекенката Бри Ленеган реши покрај местените да објави и фотографии на кои покажа целулит и заоблен стомак и ги воодушеви обожавателите
На некои фотографии девојката позира избирајќи ги најповолните агли, додека на други го опушта своето тело. Ленеган користи разни трикови за да изгледа послаба на фотографијата: го вовлекува стомакот, го заоблува грбот и ги повлекува колковите наназад. После тоа, таа го споредува резултатот со фотографија направена во поприродна поза. На втората се забележуваат целулитот, стриите, брчките и големиот стомак.
„Ако ви се допаѓа вашата фигура само во одредена положба, тогаш тоа не е самољубие, туку самообјектификација. Ги сакам социјалните мрежи, но овде секој се обидува да биде најдобрата верзија од себе. Поради оваа причина, многу луѓе се споредуваат себеси со другите и се несреќни“, рече моделот.
После гледањето на овие фотографии сфаќаш дека за секоја една совршена фотографија на социјалните мрежи, девојката има десетици вакви неуспешни обиди.
















