10 работи што треба да престанете да ги очекувате од другите луѓе

Ние си штетиме на себе кога имаме високи и неразумни очекувања од другите или кога постојано го анализираме однесувањето на луѓето околу нас. Ако сакате вашите врски, од кој било вид, да бидат посреќни и поуспешни со другите, престанете да ги очекувате следните 10 работи од нив.

Престанете да очекувате другите да …

1. … секогаш да го прават она што вие мислите дека е правилно

Нечиј морал и етика се засноваат на многу фактори, како што се воспитувањето, културата, духовните верувања и слично. На пример, вие никогаш не пцуете, но вашиот пријател често пцуе. Дали тоа значи дека тој не ја прави вистинската работа?

Според нечии верувања, некој не ја прави вистинската работа, но очекувањето од другите секогаш да го прават онака како што вие мислите дека е правилно, само ќе ви предизвика фрустрација. Наместо тоа, фокусирајте се да се придржувате до вашите сопствени морални вредности и да дозволите другите да живеат како што сакаат, сè додека тие не ви штетат вам или на другите луѓе.

2. … да бидат совршени

Ако на несовршеностите гледате како на совршенство, тогаш никогаш нема да бидете разочарани. Сепак, многу луѓе се многу нетолерантни кон грешките на другите што ги прави да се чувствуваат како да се изневерени. Исто така, докажано е дека перфекционистите, кои страдаат од опсесивно-компулсивно однесување, често страдаат од депресија, анксиозност, хронични болести бидејќи постојано се оптоварени да имаат сè под контрола и сè да биде совршено.

Затоа, дозволете им на другите да грешат, учете од нив и размислете како би бил светот доколку никој не згреши. Ќе бевме свет полн со ладни, бесчувствителни роботи и веруваме дека никој не сака да види таква реалност.

3. … да се сложуваат со секој ваш збор

Светот би бил досадно место ако сите секогаш се согласуваме. Нашите уникатни перспективи и верувања ѝ овозможуваат на нашата планета постојано да се развива и да создава подобри решенија за проблемите.

4. … да ви ги читаат мислите

Некои луѓе имаат посуптилно развиена интуиција, но некои не можат да ги „прочитаат“ лицата и чувствата на другите луѓе. Можеби ќе можете да ги разберете другите без тие да кажат ништо, но тоа не значи дека секој има такви способности.

5. … да ве креваат секогаш кога ќе паднете

Можеби и тие се борат со нешто и не можат да се справат со вашите проблеми во исто време, па обидете се да го разберете и нивното гледиште. Тие сакаат да ви помогнат, но едноставно не можат да го направат тоа во моментов. Тоа не значи дека не им е грижа, туку значи дека понекогаш треба да го разбудите борецот во себе и да ги водите сопствените битки.

6. … секогаш да ве разбираат

Не секој ќе го разбере вашиот животен пат. И тоа е во ред. Не зависи од другите да му дадат смисла на вашиот живот – зависи од вас. Сè додека го разбирате сопствениот животен пат, нема да треба да добивате потврда од другите дека е во ред.

7. … да се однесуваат кон вас како и вие кон нив

Гледајте на нивното однесување со сочувствителен став и нема да се чувствувате толку повредени доколку луѓето со кои сте љубезни не се однесуваат исто со вас.

8. … да бидат истата личност која биле пред неколку години

Според околностите и нивните искуства, луѓето се менуваат со текот на времето. Секој ден, луѓето водат тешки битки кои никој навистина не ги разбира освен нив, затоа имајте го тоа на ум кога ќе „паднете во искушение“ да судите некого.

9. … да им е се средено во животот

Секој се соочува со проблеми во животот, а понекогаш ни треба повеќе време да ги решиме. Затоа, имајте сочувство за другите и сфатете дека секој се труди најдобро. Фокусирајте се на придонесот за подобрување на светот и вашите сопствени односи со другите луѓе и не обидувајте се да ги контролирате и оценувате животите на другите луѓе.

10. … да ви пружат љубов ако првин не сте си ја пружиле на себе

Секоја врска што ја имате со било кој во вашиот живот започнува и завршува со вас и затоа мора прво да се сакате себеси ако сакате другите да ве сакаат. Барањето од другите да ве опсипуваат со љубов што не сакате да си ја дадете, само ќе резултира со принудна, несериозна врска. Од друга страна, кога се сакате себеси, на вашиот живот нема да му недостига прекрасна, успешна врска.