Фудбалерите маневрираат околу него: Најнеобичното фудбалско игралиште на светот среде кое има „природна статива“
Дали некогаш сте виделе вистинско фудбалско игралиште во средината на кое има дрво? Ако не, естонскиот фудбал и љубовта кон природата ќе ви бидат пријатно изненадување, а ако е така – можеби би можеле да се пријавите на натпреварот за Европско дрво на годината. Зашто, токму тоа успеаја да го направат Естонците откако веста за необичниот фудбалски терен се прошири низ земјата.
Имено, во градот Орисааре на западот од Естонија, поточно на островот Саарема, се наоѓа фудбалско игралиште кое се развило околу даб во 1950-тите. Жителите на населбата решија да го прифатат она што многумина би го сметале за пречка на теренот, а сега му дадоа и душа. Фудбалерите веќе се навикнати да маневрираат околу него, а кога играта не се одвива, овој даб дава сенка и е совршено место за одмор.
Локалната легенда вели дека во времето на Сталин два трактори се обиделе да го извлечат од земја, но не успеале. Не знаеме дали тоа повеќе зборува за силата на дабот или советската технологија, но драго ни е што овој миленик на навивачите и играчите преживеа.
Пред неколку години овој миленик на играчите и публиката освои срца далеку надвор од границите на теренот. Во 2015 година ја освои наградата Европско дрво на годината со околу 60.000 гласови.
Целта на оваа награда е да се укаже на драгоценото природно и културно наследство на одредени места, но и посебната поврзаност што луѓето и дрвјата можат да ја имаат.