Пар од Калифорнија сака да се облекува исто како и нивното необично домашно милениче

Сите сме виделе кучиња во интересна облека, па дури и мачки, но ретко кој видел сопственици на желка како се облекуваат исто како миленичето. Касеј Кучински (33) и Даниел Родригез (33) од Сонома, Калифорнија, беа инспирирани да ги координираат своите облеки, откако забележале дека тоа тренд кај семејните фотографии на Инстаграм.

Меѓутоа бидејќи тие сѐ уште немаат деца решиле нивното „бебе“ да биде огромната желка и да ја облекуваат во „човечка облека“. Касеј има искуство со дизајнирање така што обеката за неа, Даниел и желката Етел ја креира и шие сама, или пак купува облека за деца и потоа ја преправа за да може да ѝ одговара на Етел. Фотографиите изгледаат прилично симпатично, а мора да признаете вакво нешто не се гледа секој ден.