Шестгодишно момче откри необичен предмет на британска плажа стар три и пол милиони години
“Шестгодишниот Семи Шелтон додека бил на патување со својот татко на плажа во Англија направил едно необично открите. Имено тој нашол заб кој потекнува од позната праисториска ајкула по име Мегалодон, која можела да достигне должина до 18 метри и 65,000 килограми тежина, а изумрела пред три и пол милиони години.
Таткото на Семи, Питер Шелтон тврди дека ова е открите што се случува еднаш во животот, тој кажува дека за значењето на овој фосил дознале откако друг човек на плажата му кажал дека тој целиот свој живот бил во потрага по ваков фосил.
Билог од Универзитетот на источна Англија, Бен Гарод потврди дека само неколку вакви фосили се пронајдени во Англија, и дека ова е значително откритие.
Малиот Семи за неговото открите доби значка од неговата извичника група. Тој е горд на своето открите и е спремен повтроно да оди во потрага на уште фосили.”






