Американските власти за прв пат после 50 години јавно ќе сослушуваат високи воени претставници за постоењето на НЛО

Во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави за 17-ти Мај 2022 година е закажано сослушување за презентирање на новодобиените информации за „неидентификуваните воздушни феномени“. За прв пат после 50 години ова сослушување ќе биде транспарентно пред целата јавност.

Интересен момент е дека ваквите разговори од толку високо ниво, во изминатиот половина век, секогаш беа резервирани и одржувани зад затворени врати, со најстрога тајност и помеѓу високи воени претставници. За прв пат јавно ќе сведочат високиот разузнавач на Пентагон, Роналд Мултрие и заменик-директорот на поморско разузнавање Скот Бреј.

До овој момент се забележани 144 „небески феномени“ последниве 20 години, од кои само за еден има објаснување, кој бил идентификуван како „балон кој испушта воздух“. За останатите се знае дека имале невообичаен тек на летање или неспецифични карактеристики на летањето.

Политичарот Андре Карсон, во вторникот на панел дискусијата го изјавил следното:
„Американскиот народ очекува и заслужува, нивните лидери во Владата и разузнувањето, сериозно да ги проценат и да одговорат на сите потенцијални ризици за национална безбедност – особено оние што не ги разбираме.“

Информациите од минатогодишниот извештај биле во голема мера неубедливи, па затоа ќе се продолжи со понатамошно следење и истражување, со цел да се спречи или намали ризикот во безбедноста на воздушниот сообраќај. Оваа панел дискусија има за цел да ги намали шпекулациите околу вистината и транспарентноста за овие мистериозни воздушни феномени. После сослушувањето се очекуваат подетални информации и индиции дали навистина постои нешто во воздушниот простор со што би се загрозила безбедноста на истиот.