Земја како ниедна друга: 12 работи можни само во Јужна Кореја

Иако обично мислиме на Јапонија кога станува збор за необични земји, има и други земји кои можат да се вклопат на нејзиното место. Една од нив е Јужна Кореја, а за почеток да речеме дека дефинитивно не ви треба Wi-Fi таму бидејќи е достапен насекаде! Но, да ги погледнеме другите 12 интересни работи од оваа далечна земја.

1. Кафулиња и шатори во кои ви ја предвидуваат иднината се наоѓаат низ целата земја, што изгледа прилично бизарно.

2. Сушито хот-дог е прилично популарно јадење во оваа земја. Тоа е всушност стандардно суши, но се служи со сенф и кечап.

3. Наместо да се потпираат на ѕидовите, овде луѓето метрото го чекаат на поинаков начин. Имено, овде е популарно да се чучне.

4. Децата уште од мали ја учат важноста на хигиената, а особено е важно миењето на забите. Имено, овде забите се мијат три пати на ден, секој пат по три минути односно три минути после јадење.

5. Со оглед на тоа дека Корејците понекогаш работат од утро до вечер, немојте да се изненадите ако видите продавач на пазар кој одлучува дремне меѓу продажбата на овошје или бизнисмен кој спие во метро навечер.

6. Не се сите такси возила исти, односно не сите зборуваат англиски во нив. За да избегнете такви ситуации, важно е да ги следите боите на такси-возилата бидејќи по нив можете да препознаете дали возачите зборуваат англиски или не.

7. Ако овде некому му дадете тоалетна хартија, таа личност нема да се налути. Корејците едноставно сакаат практични подароци.

8. Ако дојдете во мал ресторан и побарате мени, не се шокирајте кога келнерот ќе ви каже дека го нема. Имено, многу мали ресторани служат само едно јадење кое го вежбале до совршенство.

9. Иако овде лудуваат по видео игри, законите се повеќе од јасни. Децата помлади од 16 години не смеат да играат видео игри од полноќ до 6 часот наутро.

10. Иако возењето велосипед не е првото нешто што ни паѓа на ум кога зборуваме за Северна Кореја, има многу инвестиции во инфраструктурата. Патеката меѓу градовите Даеџон и Сејонг е покриена со соларни панели во должина од 32 километри!

11. Количината на придружни јадења или банчани со корејска скара зависи од статусот што го уживаат собраните на масата. Обично се служат пет банчани, но среќниците кои ќе уживаат во ова популарно јадење заедно со, на пример, амбасадор или висок функционер, ќе можат да пробаат повеќе од 20 банчани.

12. Популарната корејска скара користи неверојатно тенко исечено свинско, пилешко или говедско месо, кое се топи во устата, а обично се завиткува во лист салата заедно со други придружни јадења и се јаде како обвивка.