Изграден во дупка во карпа: Чудо старо 800 години кое многумина и денес сакаат да го посетат

Над кањонот на реката Каларитикос во планинскиот венец Атаманика е скриен манастир на православната црква посветен на Богородица. Тоа е манастирот Кипинас – еден од најубавите и највпечатливите комплекси од ваков вид во Грција.

Манастирот се наоѓа во предградие на Епир, а бил изграден во 1212 година на влезот во пештера во карпата. На ова место случајно наишле група свештеници од блискиот манастир Вилиза кои сакале да воспостават нов црковен ред.

Барајќи ја совршената локација, здогледале дупка во планината, а качувајќи се по стрмната падина сфатиле дека се работи за пештера исполнета со сталактити и сталагмити пред која има бездна од шест метри. Користејќи долги стапови, се преселиле на другата страна и почнале да ја планираат својата иднина.

Една од најголемите опасности во тоа време бил грабежот. За да се одбранат од нив, свештениците изградиле висок ѕид, тешка порта и подвижен мост што ја премостувал бездната. Секогаш кога им се приближувале опасни разбојници, свештениците го кревале мостот и на тој начин се спасувале од напад.

Иако во манастирот веќе никој не живее, тој и денес може да се види, а дрвениот мост се уште постои и може да се крене. Во манастирот можете да ја видите црквата, бесценетите фрески, библиотеката со неколку оригинални документи стари осум века, неколку свештенички одаи и заеднички простори за молитва и заедништво.

Секако, од манастирот има и спектакуларен поглед на прекрасната околина која привлекува туристи од целиот свет.