Роналдо на заслужен одмор заедно со Георгина, после трагичната загуба на нивното бебе минатиот месец
Како еден од најефикасните играчи на Манчестер Јунајтед, Роналдо отиде на одмор со својата партнерка Георгина. Не го откриваат местото, но според објавените слики поминуваат квалитетно време заедно.
Откако објавија во Октомври минатата година дека очекуваат близнаци со нетрпение го чекаа моментот на нивното доаѓање на овој свет.
За жал, минатиот месец објавија дека од двете близначиња, само едното преживеало. Побараа од јавноста да имаат разбирање за нивната болка и трпение додека го пребродат тој трагичен период.
Поради тоа, Роналдо не беше во тимот на натпреварот против Ливерпул, но се врати на натпреварот против Арсенал. На натпреварот против Ливерпул во седмата минута, бројот на дресот на Роналдо, навивачите аплаудираа за поддршка на Роналдо и неговото семејство во тешките моменти.
Тогаш Роналдо објави на Инстаграм: „Еден свет, еден спорт, едно глобално семејство.“ Понатаму, се заблагодари со зборовите: „ Благодарам Анфилд. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит и сочувство.“
И покрај фактот дека Манчестер Јунајтед ја изгубија шансата за учество во Лигата на шампиони, сепак играчите на тимот се враќаат на тренинг во Четврток.