Младиот професор Јанчески на креативен начин кажа кој е неговиот „омилен ученик“ и ги стопли срцата на дечињата
Еден млад и креативен професор, Стив Јанчески, пронајде начин како да им го разубави денот на своите ученици со еден симпатичен и необичен гест. Тој поставил кутија на стол во училницата и им кажал на учениците дека во кутијата се крие идентитетот на неговиот омилен ученик.
Учениците љубопитно тргнале да погледнат во кутијата и сите пријатно се изненадија. Јанчески во кутијата всушност поставил огледало и секој ученик го видел својот лик како „омилен“ на професорот. Со ова младиот професор навистина им покажал на учениците дека ги сака подеднакво, но и дека ужива во својата професија. Гест за пофалба!
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.