Казна за фотографирање на Ајфеловата кула? Ова се добро познати места кои не смеете да ги објавувате на социјалните мрежи

Фотографијата е еден од најдобрите изуми на денешницата. Ретко кој изум го промени светот, како што тоа го направи фотографијата. Таа е посебна по тоа што може да зачува еден момент од времето засекогаш и да оживее спомени и сеќавања на убавите моменти што сме ги доживеале, во секое време.

Во денешно време е незамисливо да тргнеме на патување, а да не снимиме неколку фотографии од прекрасните сцени на местото кое го посетивме. Сепак, дали би се изненадиле ако ви кажат дека постојат места и предмети на овој свет кои се забранети да се фотографираат и објавуваат на социјалните мрежи?

Во продолжение прочитајте кои познати туристички места не можат да се фотографираат и објавуваат на социјалните мрежи.

1. Библиотека Св. Гален во Швајцарија

Ако патот ве води до Швајцарија, ова е место кое мора да го посетите. Швајцарскиот град Св. Гален е дом на верскиот комплекс Fürstabtei Sankt Gallen, во кој се наоѓа една од најстарите и најдобро зачуваните библиотеки во светот. Во библиотеката, меѓу другото, се сместени вредни ракописи и најстариот архитектонски цртеж во светот.

Доколку ја посетите оваа библиотека, нејзините убавини ќе ве маѓепсаат и брзо ќе ги извадите мобилните телефони од џебовите за да можете засекогаш да го зачувате моментот што сте го доживеале таму. Сепак, чуварите ќе се погрижат да не успеете во вашиот план. Покрај забраната за користење на камери, чуварите ќе ве известат дека мора да пресоблечете во меки чевли за да не го оштетите подот на библиотеката.

2. Внатрешноста на Таџ Махал

Ова е навистина посебна градба, па не е чудно што се наоѓа на листата на светски чуда и што УНЕСКО ја вклучи во заштитеното светско наследство. Убавината и уникатноста на оваа зграда сигурно ќе ве натераат да посегнете по мобилните телефони и да направите неколку добри фотографии.

Овој Махал е познат како „гробот на вечната љубов создаден од 20.000 луѓе“. Токму поради тоа што се работи за гробница, не е дозволено да се фотографира внатрешноста на оваа прекрасна зграда. Оние кои го посетиле Таџ Махал знаат дека на секој чекор можат да најдат предупредувања дека фотографирањето е забрането. Со оглед на убавините што ќе ги видите таму, можеби е подобро да заборавите на мобилните телефони и да уживате во глетките.

3. Систинската капела

Кога ќе ги посетите Ватикан и Музеите на Ватикан, ова е света атракција што не треба да ја пропуштите. Во своето првобитно значење, Сикстинската капела била оригиналната папска капела во рамките на Ватиканската палата во Рим. Ова е место на духовност и највисоката светска уметност која пишува безброј приказни. Целосно е покриена со уметнички дела, а најпознати се неверојатните фрески на Микеанџело.

Сепак, сите овие убавини ќе мора добро да ги запомните бидејќи не смеете да ја фотографирате внатрешноста на Систинската капела. Првата од почит кон духовното место, а втората заради зачувување на највисоката светска уметност.

4. Црвениот кварт во Амстердам

Град на слободата. Амстердам е навистина еден од најпосебните градови во Европа. Доколку се одлучите да го посетите овој град во Холандија, сигурно одлично ќе се забавувате. Oude Zijde, музејската област, крстарењата по каналот, велосипедизмот, музејот на Ван Гог, куќата на Ана Франк се атракции кои сигурно ќе ве воодушеват.

Освен нив, сигурно ќе посетите и нов дел од градот, Red Light District. Ова е најпознатиот дел од градот, полн со кафулиња, ресторани и бордели во кои сексуалните работници зад стаклени врати си ја вршат својата работа. Затоа фотографирањето е строго забрането, а доколку се обидете да фотографирате проститутки, би можеле да бидете притворени од полицијата (која на коњ контролира сè што се случува во тесните улички на Амстердам).

5. Ајфеловата кула

Веројатно ќе мислите дека се шегуваме, но ќе треба да ве разочараме. Ајфеловата кула е еден од најчестите предмети на фотографиите. Железната кула е највисоката зграда во Париз и е еден од најпрепознатливите симболи во светот. Тоа е симбол на градот, љубовта, модата, добрата храна и се што значи Франција.

Иако нема да биде проблем да ја фотографирате Ајфеловата кула во текот на денот, не треба да го правите тоа преку ноќ. Светлечките ноќни светла на Ајфеловата кула или светлосното шоу што можеме да го видиме таму преку ноќ, припаѓаат на уметничко дело кое има свои авторски права.