Која е тајната на Том Круз? Ѕвездата изгледа подобро од кога било во своите 59 години, без неговото препознатливо „подуено“ лице

Ѕвездата на „Топ Ган“ (59) се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги воодушеви присутните со својата појава, облечен во црн смокинг, со многу поприроден изглед на лицето.

Пред седум месеци на бејзбол натпревар беше забележан со „подуено“ лице, од прекумерното користење на филери. Токму затоа, ова негово природно издание никого не остави рамнодушен. Според експерти, неговиот свеж и природен изглед се должи на умереното затегнување на лицето, како и направената трансплантација на коса и изгледа неверојатно добро со оглед на фактот дека наскоро ќе полни 60 години. Познати естетичари го објаснуваат „подуеното“ лице на славниот актер од пред седум месеци и велат дека најверојатно целта била да се измазнат брчките на неговото лице, но комбинацијата на ботокс и филери кај него резултирала со отечено и деформирано лице.

Поранешната лична менаџерка на Том Круз, Ајлин Берлин, открива дека актерот секогаш бил „опседнат со својот изглед“. Таа станала негова менаџерка уште кога актерот имал 18 години, и затоа вели: „ Томи изгради аура околу себе. Мислам дека ќе направи сѐ што е потребно за да го зачува својот младешки имиџ што е можно подолго и ќе се бори со сѐ што ќе му застане на патот“. Тој своевремено изјавил дека таа опседнатост со својот изглед произлегува од неговата несигурност.

За потсетување, во 2016 година, гледачите на БАФТА беа шокирани од замрзнатиот изглед на ѕвездата. И тогаш докторите коментираа дека актерот претерал со естетските промени на лицето, при што добил вештачки изглед.
На Канскиот фестивал, ѕвездите на најновиот филм Топ Ган: Маверик, Том Круз и Џенифер Конели, блескаа на црвениот тепих. Том Круз ја доби почесната награда, Златна палма, и беше пресреќен, поздравувајќи ја присутната толпа народ на настанот.

Продолжението на класичниот блокбастер на Тони Скот од 1986 година, добива многу пофалби и позитивни критики, па дури се вели дека е многу подобар од оригиналот.