Докторите ѝ рекле дека нејзината ќерка нема да може да оди, да зборува и да гледа, а девојчето сега има 7 и е понапредно од врсниците
На малото девојче, Еви-Меј Гертс, (7), која живее во Бристол со мајката Ејми (28), ѝ било дијагностицирано ретко заболување на мозокот, поради кое добила слепило на само неколку месеци, а на осум месеци ѝ бил дијагностициран хидроцефалус. Поради оток во мозокот кој правел притисок во нејзината глава, 32 пати поголем од нормалното ниво, лекарите ѝ кажале на мајката на Еви, Ејми (28) дека тоа би значело трајно губење на видот, но, исто така дека веројатно никогаш нема да научи да оди и да зборува.
Наспроти сите предвидувања, на Еви, не само што ѝ се вратил видот, туку таа научила и да оди и да зборува, а нејзиниот хидроцефалус необјасниво исчезнал минатата година. Во тој контекст, Ејми, мајката на ова храбро девојче рекла: „Еви е феноменална. Ние сме толку горди на неа. Лекарите не знаеја дали таа некогаш ќе може да гледа, да оди или да зборува. Сега, таа ги прави сите три работи и е понапредна во учењето за нејзината возраст. Таа е неверојатно мало девојче, а толку храбро“.
Сѐ започнало во 2014 година, кога Ејми го однела девојчето во болница, поради лоша настинка и црвенило во очите. Откако ја прегледале, утврдиле дека има слепило, а поради отокот во главата, била упатена кај неврохирург за поконкретна дијагноза. На нејзини осум месеци, ѝ било дијагностицирано хидроцефалус. Во 2015 година ѝ било направено операција на мозокот, со цел да се намали притисокот врз мозокот поради зголемениот оток. Уште тогаш, првите прогнози биле дека е малку веројатно, Еви, да може да зборува, да оди и да гледа. Подоцна, во 2019 година, Еви добила страшни главоболки, поради повторно зголемен оток во мозокот и затоа била повторно оперирана. Во јануари 2021 година, главоболките се влошиле, и тогаш лекарите забележале дека всушност цевките за дренажа кои претходно ѝ биле вградени, прават дополнителен притисок на мозокот, и затоа решиле да ги отстранат. Операцијата, за среќа, поминала успешно, но Еви добила вирусен менингитис, па примала антибиотици уште четири дена во болницата.
Патешествието на ова мало девојче има среќен крај, бидејќи сега е здраво и среќно 7-годишно девојче. Сѐ уште мора да оди на контроли за да ја следат состојбата, но сепак си продолжува со својот детски и безгрижен живот. Нејзината мајка, која е пресреќна за нејзиното чудо, заклучува: „Еви е феноменална“.