Приказната за коњот кој беше оставен на тераса во Дебар Маало доби среќен крај
Загрижени граѓани на Скопје вчера фотографирале бел коњ на тераса во Дебар Маало. Бидејќи имало и неколку пријави во полицијата, тажната приказна за напуштеното животно доби среќен крај и сега коњот е на безбедно, според Скопје ЗОО.
„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите.“, напишаа од ЗОО Скопје, на нивниот Инстаграм профил.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.