5 причини за лошиот здив и како да го подобрите
Лошиот здив, уште познат и како халитоза, погодува 1 од 4 луѓе ширум светот. Пред сѐ, многу е важна добрата грижа и нега на оралното здравје. Може да се користат природни лекови за подобрување на лошиот здив, но доколку ова е постојан проблем, тогаш препорачливо е да се посети стоматолог.
Во продолжение ќе наброиме неколку работи кои предизвикуваат лош здив и совети како да се спречи.
1. Исчистете ги наслагите на крајниците
Овие наслаги, се всушност бели дамки на крајниците, во кои има насобрано микроби и бактерии, и затоа предизвикуваат лош здив. Во ваков случај се препорачува гаргара со солена вода, со јаболков оцет или плакнење на усната празнина со специјални течности на база на ментол.
2. Немојте да го прескокнувате појадокот
Појадокот е најважниот оброк во денот. Студијата покажува дека луѓето кои не појадуваат, повеќе страдаат од лош здив отколку оние кои појадуваат. Но, многу е важно да се конзумира здрав појадок со малку шеќери, како зелена салата, јаболка, јогурт, млеко и сите видови храна која е богата со растителни влакна.
3. Дишете низ носот
Дишењето преку уста, освен што може да предизвика хроничен лош здив, исто така може да предизвика и заболување на непцата.
4. Пијте многу вода после внесување на тешка храна
Тешката храна потешко се разградува и на тој начин силните мириси се враќаат преку здивот, кој навистина може да биде непријатен. И за тоа постојат неколку решенија, како на пример, доколку јадете зачинета храна, се препорачува после оброкот да земете гума за џвакање без шеќер; кога конзумирате кафе и додатоци, пијте многу вода како би се исплакнала усната празнина, а за да го спречите создавањето на лош здив кога јадете туна и риба, наједноставно, додадете лимон во оброкот.
5. Редовно чистете ги забите со забен конец
Конецот е добар начин за отстранување на наслагите од забите и спречување на лошиот здив, кој помага да се отстранат сите остатоци од храна кои биле заглавени меѓу забите. Сепак, најважно од сѐ е редовната контрола кај стоматолог.