Човек потроши 15.000 долари за да изгледа како неговото омилено куче

Едно е сигурно, сите сакаме кучиња, доколку вие не сакате редно време е да почнете, но сепак не претеруваме како овој човек. Овој маж ја доведе таа љубов кон кучињата во нови, и малку чудни, крајности кога потроши 2 милиони јени (15.000 долари/12.000 фунти) за да изгледа како Бордер коли, вид на куче со потекло од Велика Британија. Ова куче е со највисок коефициент на интелегенција и на оваа листа го зазема првото место, но зборуваме за вистинските кучиња не е и откачениот тип.

Човекот, идентификуван како Токо, побарал јапонска компанија да го направи костимот за кој биле потребни 40 дена. Интересното е што Токо навистина изгледа како живо куче коли. На пример, искрено не сме сигурни дали би можеле да ја забележиме разликата во фотографиите.

И, се чини, токму тоа го бараше човекот/коли. Тој изјавил: „Направив да изгледам како коли и тоа да е што е можно пореалистично кога ќе го облечам костимот. Омилени ми се четириножните животни, особено слатките меѓу нив, па мислев дека би било добро да имам големо животно блиску до мене, со оглед на тоа дека е реален модел, решив да порачам костим од куче. Се одлучив за коли, мојата омилена раса на кучиња.“

Претставник на Цепет, кој го изработи костимот, рече: „Поентата е дека скелетот на кучето може да се репродуцира на скелетот на човекот. Но, бидејќи структурата на скелетот е многу различна, потрошивме многу време проучувајќи како за да изгледа како вистинско куче“.

И се чини дека многу истражувања се сведуваат на тој процес, дури и до бојата на крзното: „Покрај тоа, собираме фотографии направени од различни агли за да може да се репродуцира и да се смисли прекрасното крзно на коли така што крзното ќе паѓа природно.“