Жена користи кесички од грицки за да им помогне на бездомниците да останат суви и затоплени
Пен Хустон, од Хастингс, Источен Сасекс, патува низ Велика Британија за проектот Crisp Packet и ги охрабрува волонтерите да помогнат во рециклирањето на кесичките за да им помогнат на бездомниците.
Британците секако сакаат чипсови и грицки, така што овој проект се чини како корисен од сите можни аспекти.
Старите кесиња се користат за изработка на водоотпорни вреќи за спиење кои нема да се намократ од дождот а луѓето кои ги користат ќе останат суви. Исто така се прават и чаршави за да им се помогне на оние што спијат на улиците да се затоплат.
Користените пакувања се мијат и се сечат пред да се залепат со помош на пегла при што околу 150 пакувања се користат за создавање на секоја вреќа за спиење.
Освен што се создаваат средства за бездомниците исто така се придонесува и до почиста околина. Хуманитарната акција започнала така што Пен сакала да обезбеди вреќи за спиење за бездомниците, но не успеала да собере доволно средства, па затоа се одлучила за опцијата со искористените кеси за грицки.