Жена се разбуди од кома откако ја слушна нејзината ќерка како бара да ја надои
Оваа 42-годишна жена која се наоѓала во вегетативна состојба еден месец откако била нападната, се разбудила за да ја надои нејзината најмлада ќерка која кажала дека е гладна. Инцидентот се случил во градот Сан Франциско, во северната аргентинска провинција Кордоба, кога мајката Марија Лора Фереира се разбудила откако поминала 30 дена во вегетативна состојба.
Локалните медиуми јавуваат дека била нападната додека се симнувала од мотор и поради насилниот напад, паднала и ја удрила главата.
Лекарите му рекле на семејството дека Фереира може да има трајно оштетен мозок, па дури им предложиле да ги донираат нејзините органи.Нејзиниот сопруг Мартин Делгадо изјавил дека тие зборови „биле многу тешки“ за сите, но вели дека имал верба во фактот дека сè ќе биде добро, и дека неговата сопруга ќе се разбуди.
Петнаесет дена подоцна, медицинскиот тест покажал дека мајката на три деца имала невролошка активност, но не е будна. Минатиот викенд, најмладата ќерка на парот отишла да ја посети својата мајка седнала покрај неа и испуштила звук кој таа го прави само кога е гладна.
Жената одеднаш ја спуштила облеката и почнала да го дои девојчето. Сопругот вели: „Тоа беше волшебен, единствен момент. Сите плачевме. Гледајќи како се гушкаа една со друга, тој мајчински инстинкт, беше неверојатно.“
Локалните медиуми објавија дека дури и ако Фереира сè уште не е свесна, нејзиниот сопруг тврди дека ја препознала ќерката, па дури и ја видела како го допира девојчето како што правела пред да падне во кома.