Како едно УСБ ѝ помогна на полицијата да спаси 56 деца и 11 животни од страшна злоупотреба, и да затвори 26 педофили

Австралиската полиција спасила 56 деца и 11 животни од се*суална злоупотреба и уапсила 26 педофили.

Еден од уапсените е 31-годишен фудбалски тренер од Западен Сиднеј, Грант Харден, кој беше осуден на 30 години затвор претходно овој месец.

УСБ стикот беше пронајден во февруари 2020 година, откако трага од АМЕРИКАНСКИОТ Национален Центар за Исчезнати и Експлоатирани Деца предизвика пребарување на домот на 30-годишниот Џастин Редфорд. Уредот му бил предаден на техничар на АФП, кој успеал да го заобиколи обезбедувањето и да го разоткрие меѓународниот синџир на злоупотреби.

„Целиот материјал за Операција Аркстоун е дефинитивно најлошото што сум го видел и со најекстремниот крај. Тоа е само најлошото од најлошото. Дигитален форензичар успеа да најде скриени датотеки и апликации за трезори кои ја откриваат оваа онлајн мрежа што работи локално, национално и во странство.“, изјави наредникот На АФП, Скот Велтмејер, за Сиднеј Морнинг Хералд.

Покрај 26-те апсења во Австралија, Операцијата Аркстоун исто така резултираше со 154 пријави до полициски агенции низ целиот свет.

Истрагата откри мрежа на педофили кои никогаш не се сретнале, но размениле фотографии и снимки од деца кои се злоупотребувани на интернет, од кои некои и самите ги направиле. Вознемирувачката содржина дури и била споделувана и на широко користени платформи како Снепчет, Кик и Тикток.

Наредникот Велтмајер изјавил дека групата имала групен чет во кој споделувале „болни“ видеа, фотографии и разговори. Околу 50 луѓе разговарале за ужасни злосторства, кои сакале да им ги направат или веќе ги направиле врз децата.

Полицијата првин веднаш го пронашла Харден. Тој подоцна се изјасни за виновен за малтретирање седум различни момчиња со стотици видеа од неговите злосторства споделени со друг член на групата. Педофилот е осуден на 30 години затвор.

Меѓу уапсените е и Тимоти Дојл, Кој ја чека пресудата откако се изјасни за виновен по низа обвиненија, вклучувајќи и се*с со лице помеѓу 14 и 16 години. Неговиот партнер Стивен Џерард, исто така, ја чека пресудата, откако се изјасни за виновен по обвиненијата за се*суален однос со дете помало од 10 години.

Вршителот на должноста наредник Велтмајер рече дека АФП активно вложува големи ресурси во гонењето на педофилите. „Нашите истражители се немилосрдни во нивната потрага по секој кој произведува, споделува или пристапува до материјал за злоупотреба на деца и ќе продолжиме да работиме со нашите домашни и меѓународни партнери за да ги изведеме овие извршители пред лицето на правдата.“, вели тој.