Госпоѓата што имала многу гасови (виц)

Доаѓа една постара госпоѓа на лекар и вели:
– Докторе, нон-стоп прдам. Иако не ми пречи многу, сепак сакам да престане. Никогаш не мириса и секогаш е тивко, без звук. Каде и да сум, со кого и да сум, јас прдам без мирис и без звук.
Докторот:
– Добро јасно ми е. Земете ги овие апчиња, пијте по едно, 3 пати на ден и вратете се за една недела.
По една недела, жената повторно доаѓа кај докторот, и нервозно го прашува:
– Докторе, што ми дадовте, пропаѓам од срам пред луѓето?! Пак постојано прдам, пак е тивко, но ужасно смрди!
– Одлично. Сега кога повторно Ви работи носот, да го излекуваме и слухот.