„Забременив додека веќе бев бремена“: Мајка ја споделува својата приказна за нејзините две „чуда“ кои ги родила по три спонтани абортуси

Една мајка која доживеала три спонтани абортуси, родила неверојатни близнаци со тоа што забременила додека веќе била бремена.

30-годишната Кара Вајнхолд и нејзиниот 33-годишен сопруг Блејк, од Норт Ричленд Хилс, Тексас, ги добија своите синови Колсон и Кајден на 25 октомври 2021 година, кои беа зачнати со една недела разлика. Близнаците се резултат на суперфетација, неверојатно редок феномен во кој втората бременост се случува неколку дена или недели по почетната бременост.

„Забременив додека веќе бев бремена. Му реков на лекарот: ‘Што се случува, тој не беше тука претходниот пат. Што се случува?’ Таа му рече дека најверојатно сум овулирала два пати сум ослободила две јајца и тие се оплодиле во два различни периоди, од околу една недела разлика.“, вели среќната мајка.

„Јас 100 проценти верувам дека тоа беше чудо само поради сето она што се случи на моите патувања со бременоста. Сакам да верувам дека тоа беше мојот начин да ги вратам двете бебиња што ги изгубив и некако тие ми помогнаа на некој начин. Не можам да се сетам на друго објаснување за раѓањето близнаци — тоа беше 100% природно и немаме близнаци во семејството. Тоа беше тотално изненадување.“, додава таа.

Поранешната професорка носела девојче во 2019 година, но го изгубила. Потоа повторно останала бремена во 2020 година, но повторно доживеала спонтан абортус и за малку работите ќе завршеле фатално и за неа, затоа што изгубила премногу крв.

Потоа одела на терапија и се плашела повторно да остане бремена. Но, желбата за бебе била голема и во 2021 повторно дознала дека е бремена. За жал само 4 дена откако дознала за бременоста доживеала спонтан абортус.

На втората проверка кај лекар Кара била шокирана кога сфатила дека носи уште едно бебе. „Мојот доктор ме повика на снимање на пет недели, само за да се увери дека се е во ред, а на тоа скенирање имаше само едно бебе.“, рече таа.

„Поради моето минато, таа сакаше да ме види повторно за две недели само за да провери и да се увери дека има отчукување на срцето.“, додава мајката. Кога се вратила со сопругот седум недели од нејзината бременост, им било кажано дека имаат две бебиња.

Кара вели дека таа и Блејк знаеле дека треба да имаат повеќе деца и размислиле да посвојат уште пред да ги добијат близнаците.

„Дури и ако поради некоја причина не можев да имам уште едно бебе, знаевме дека желбата за уште деца е во нашата приказна. Ги разгледувавме плановите за потенцијално посвојување.“, вели Кара.