50-годишниот Илон Маск повторно си најде девојка 23 години помлада од него и ја покажа пред јавноста
Илон Маск е забележан со неговата нова девојка, австралиската актерка Наташа Басет, со која уживаше во скромниот ручек во милијардерскиот рај, Сен Тропе. Двајцата биле видени како уживаат во еден оброк во Хотелот Шевал Блан, каде што собите чинат повеќе од 1.300 долари за една ноќ, една капка во океанот за најбогатиот човек во светот. 50-годишниот Илон и 27-годишната Наташа очигледно не се криеле затоа што седеле веднаш до базенот каде што сите можат да ги видат.

Тие пиеле розе и јаделе компирчиња додека разговарале и се смешкале. Басет, најмладата девојка на Маск, била забележана со него уште во февруари оваа година, додека се симнувале заедно од приватниот авион на милијардерот. Илон раскина со поранешната девојка Гримс, со која последното дете го доби во декември минатата година, преку сурогат мајка.

Оттогаш се чини дека Басет е добро прифатена од семејството бидејќи била во друштво на мајката на Илон во Кан.

Се смета дека Двајцата присуствувале на премиерата на новиот филм на Басет, Елвис. Таа глуми една од девојките на пејачот во биографскиот филм.

Претходните девојки на Маск ги вклучуваат Амбер Херд и Британската актерка Талула Рајли.

Басет се преселила во Сад од Австралија кога имала 19 години. Таа најпрво работела во Њујорк, а потоа отпатувала во Лос анџелес. Не е јасно како таа и Маск се запознале.

Маск е татко на седум деца кој се развел три пати, а дури два пати од иста жена. Маск ја запознал својата прва сопруга Џастин Вилсон додека студирале заедно во Онтарио. Биле во брак 8 години и имаат 5 деца заедно.

Потоа само неколку недели по разводот со првата жена се оженил со актерката Талула Рајли. Во 2010 се оженил со неа, авеќе 2012 се развеле. Во 2013 година повторно се венчале, па Маск поднел документи за развод, кои го повлекол, а конечно во 2016 година Талула побарала развод и нивниот брак завршил, но тие сѐ уште се во одлични односи. Во 2017-2018 година бил во врска со Амбер, „озогласената“ поранешна сопруга на Џони Деп.

По Амбер, Илон стапил во врска со Гримс од 2018-2021 година. Во 2020 го добија синот X Æ A-Xii и иако повеќе не биле во врска во 2021 година го добија девојчето Exa Dark Sideræl. Сега тие велат дека се „флуидни“ во својата врска.
