Италијанката која што сите ја зафркавала дека личи на Мистер Бин го покажа лицето со шминка и им ги затвори устите

Поточно речено ги остави со подотворена уста. Фабиола Баљери од Рим, пред некое време решила да се позафркава на интернет со разбушавена коса, темни линии под очите и мали мустаќи над горната усна. „Замислете дека сте ќерка на Мистер Бин“, напишала девојката иронично.

Од тогаш реакциите на сеирџиите не престанале, но девојката вешто го искористи добиеното внимание и го сврте во своја полза. Таа го откри своето вистинско јас и доби голем број следбеници. Така се станува познат и славен во денешно време.