Кога кажуваш виц за плавуши на плавуши (виц)

Еден човек влегува во кафич и вели:
– Еј дечки, сакате да го слушнете најновиот виц за плавуши?
Шанкерот му вели:
– Пред да го кажеш, само да ти кажам дека јас сум русокос, мојата девојка таму е плавуша, двајцата боксери на онаа маса се плавуши, двајцата полицајци до нив се плавуши, и трите жени таму плавуши. Сега уште ли сакаш да го кажеш вицот?
– Ааа, не, не… кој ќе ви го објаснува цел ден!