„Пробав со сѐ, но само од ова сака да пие!“: Мајка морала да смисли урнебесен начин за да го храни своето бебе

Една мајка од Австралија се соочила со проблем. Нејзиното бебе не сакало да пие млеко од обично шише со цуцла. Очајната жена почнала да купува најразлични шишиња, додека не дошла до едноставно, но и комично решение.

Откако сфатила дека малото не сака да пие од шише, жената одлучила да проба со шприц и мисијата била успешна, но бидејќи во шприцот не собира доволно количина на млеко ѝ текнало нешто друго.

Мајката добро исчистила шише од кечап, ставила млеко во него и почнала да го храни бебето. На нејзино изненадување на малото многу му се допаднало „новото шише“ и повеќе не сакало да „смисли“ друга опција.

„Не сакаше да пие од шише, но сакаше од шприц. Шприцот е тврда пластика исто како и шишето од кечап. Си реков зошто да не се обидам.“, вели мајката.

Луѓето на интернет не можеле да поверуваат дека вакво нешто ѝ успеало на жената, но многумина ја поддржуваат бидејќи на крајот на денот најважно е детето да не остане гладно.

„Очајните времиња бараат очајни мерки. Претпоставувам дека во одреден момент ќе пробате сѐ што може да држи течност само за да успее.“, гласел еден од коментарите.