Шангај почнува да се враќа во нормала по двомесечен карантин
Насловот на веста личи како да е стар од прилика една година, а всушност е нов. Шангај го укина болното двомесечно заклучување на 25-те милиони жители на градот, властите ги демонтираа оградите околу населбите и ја скинаа полициската лента од јавните плоштади и институциите.
Повеќето жители ги поминаа изминатите два месеци под безмилосно присилно заклучување што резултираше со губење на приход, стрес и очај за милиони луѓе кои се обидуваат да пристапат до храна или итна медицинска помош.
Долготрајното заклучување предизвика гнев кај јавноста и ретки протести во најнаселената област во Кина и ја уништи производствената и извозната економија на градот, нарушувајќи ги синџирите на снабдување во Кина и ширум светот, забавувајќи ја меѓународната трговија.
Животот се врати во некаква нормала од средата, кога престанаа да се бараат пропусниците издадени за луѓето да излегуваат на неколку часа, јавниот превоз повторно функционира и жителите можат да се вратат на работа.

























