Жена добила бесплатен кауч, но не очекувала дека внатре ќе најде „изненадување“ кое се случува само еднаш во животот
На секој од нас му се случило случајно да пронајде нешто, дали тоа било ланче, или паричник на патот, или пак едноставно да си ги најде одамна заборавените 100 денари во џеб. Како и да е овие работи се очекувани и многу луѓе можат да се поврзат со нив, но оваа жена пронашла нешто прилично несекојдневно во каучот кој бесплатно го добила.
Вики Умоду штотуку се преселила во својот нов дом во округот Сан Бернардино и барала алтернативни опции за да ја наполни празната куќа. Така кога Умоду наишла на реклама на Креглист за бесплатен кауч, таа си помислила дека тоа е совршена шанса да си добие убаво парче мебел.

„Си помислив дека можеби е шега. Си реков ајде да им се јавам. Само што се вселив и немав ништо во мојата куќа. Бев толку возбудена, па го зедовме и го донесовме.“, раскажува жената.
Иако веќе била восзбудена што си добила бесплатен кауч, нејзината возбуда пораснала кога во него пронашла 36.000 долари.
„Само му велев на синот ‘Дојди, дојди, дојди!’ Врескав: ‘Ова се пари! Треба да му се јавам на човекот.’“, додава таа.

Чесната жена им ја вратила огромната сума пари на првичните сопственици на каучот и била наградена со 2.200 долари од благодарното семејство.
Умоду рече дека ги нашла парите во едно од перничињата и првично мислела дека тоа се грејачи за перници, но ја занемарила мислата кога не успеала да најде електричен кабел. Внатре во ковертите имало 36.000 долари.

Умоду рече дека никогаш не била во искушение да ги земе парите и веднаш го повикала човекот кој ѝ го дал каучот. Човекот ѝ рекол дека одлучиле да го подарат каучот кој припаѓал на нивен роднина кој неодамна починал.
Како благодарност за нејзината искреност, Умоду била наградена со 2.200 долари, кои ги искористила за да купи фрижидер.
„Бог беше љубезен кон мене и моите деца, сите се живи и здрави. Имам три прекрасни внуци, па што да барам од Бога?“, вели жената.
