Македонци од Егејска Македонија ја изведуваат „Што имала к’смет Стамена“ со современ „драм енд бејс“ аранжман и тоа звучи МОЌНО

Бендот им се вика Банда Ентопика и преработуваат македонски народни песни. Нивните настапи по селата во Егејска Македонија се особено популарни, а настапуваат и на многу фестивали во регионот и пошироко.

Зборот „Ентопика“ во името доаѓа од зборот „Ntopica“ којшто го користат Грците за егејскиот дијалект на македонскиот јазик. Во буквален превод значи локален јазик.