Неочекувана вулканска ерупција на Филипините обвитка цел град во морничаво сивило

Непредвидлив вулкан во централниот дел на Филипините во неделата фрли огромна количина пепел на небото во висина од најмалку 1 километар.

Властите беа принудени да го подигнат нивото на тревога на планината Булусан за еден степен и да ги потсетат жителите да не влегуваат во опасната зона.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија го зголеми предупредувањето за Булусан на ниво 1, или ниски вулкански немири, од 0 на скала од пет нивоа, што значи дека моментално е во „аномална состојба“.

Ash and steam are spewed from Mount Bulusan, as seen from Casiguran, Sorsogon province, Philippines on Sunday June 5, 2022. The volcano southeast of the Philippine capital spewed ash and steam about a kilometer into the sky in a brief steam-driven explosion on Sunday, scattering ash in nearby villages and alarming residents, officials said. (AP Photo/Karlyn Dupan Hamor)

Во 24 часа пред ерупцијата се регистрирани 77 вулкански земјотреси, се вели во соопштението на Институтот.

Ренато Солидум, раководител на институтот, ја опиша ерупцијата на Булусан како „фреатична“ или парна, што е типична за вулканот Булусан.

„Мерките на претпазливост се исти, влезот во трајната опасната зона е забранет во радиус од 4 километри, а секако треба да се заштитите од врнежи од пепел во областа, на пример, носете маски или останете во затворени простории.“ Солидум изјави за Ројтерс.

Вулканите можат да предизвикаат кисели дождови што ја оштетуваат животната средина. Отровните гасови што се испуштаат од вулканите, особено SO2, HCl и HF, се мешаат со водена пареа за да формираат кисели дождови, кои потоа ги оштетуваат посевите на земјата.