Гламурозната голферка Пејџ Спиранац „со плачење си отиде дома“ откако постара дама вербално ја нападна на теренот поради нејзината облека

Американската гламур голферка Пејџ Спиранац рече дека била и физички потресена откако една постара дама, во кантри клубот, ја навредувала поради нејзината облека, додека таа била на теренот.

Спиранац, која има 3.3 милиони следбеници на Инстраграм, рече дека секогаш се облекува во согласност со прописите на теренот и дека се чувствувала навредено од дамата, бидејќи таа на заобиколен начин кажала дека изгледа на „курва“.

„Имав јакна, го затворив патентот за да не се покажува деколтето, и се чувствував како да е многу соодветна облека“ – рече Спирана.

29-годишната ѕвезда е добро позната по позирањето во оскудни комбинации на патеката, но инсистира дека не била несоодветно облечена кога жената ја нападнала и дека таа немала намера да ги „тресе“ своите атрибути на теренот.

„Госпоѓата отиде кај еден од работниците и ја слушнав како разговара со еден човек: „Тоа што го носи е несоодветно, имаме правила, ќе разговарам со неа“. Таа дојде директно кај мене, ме запре на паркингот и ми рече: „Жена на жена, треба да го слушнете ова, изгледате слатко, но тоа е крајно несоодветно, имаме правила овде и не можете да ја носите таа облека“. Буквално плачев до дома!“

Спиранац е најследен голф ентитет на социјалните мрежи и се пензионираше во 2016 година по краток престој на дамската европска турнеја. Таа сега заработува преку спонзорства на Инстаграм, објавувајќи видеа од нејзиниот замав со нови производи додека носи впечатливи комбинации.