7 паметни трикови кои можат да ви помогнат во непријатни ситуации

Секојдневно се соочуваме со разни непријатни ситуации, кои во големата слика се ситни проблеми, но знаат многу да одат на нерви. Си го удривте малиот прст од креветот? Или си го изгоревте јазикот затоа што не можевте да дочекате да се олади кафето? Ние имаме лек за вас!

Ви претставуваме трикови кои ќе направат значајни промени следниот пат кога ќе наидете на непријатна ситуација.

1. Користете паста за заби за да го намалите отокот.

Си го удривте прстот и не можете да одите нормално. Пред целосно да ви се уништи расположението, постои домашен лек кој може да ви помогне при отокот и малку да ја ублажи болката. Земете ја вашата паста за заби и нанесете малку на вашиот несреќен прст. Билната паста за заби се покажа дека има антибактериски и антиинфламаторни ефекти врз вашето орално здравје, па може да ви помогне и во оваа ситуација. Тоа може да биде корисно и за убоди од пчела.

2. Користете шприц за да извадите осило од раката.

Уживате во совршеното време, мирисате цвеќиња и.. – уф! Палава пчела го оставила своето осило во раката. Нема потреба од паника, еве сигурен начин да се ослободите од тоа. Земете шприц и употребете нож за да го отстраните делот каде што треба да се стави иглата. Потоа ставете го шприцот и искористете го вакумот да го извлечете осилото.

3. Користете мраз за да ја ублажите болката од мигрена.

Знаеме дека мигрената ви прави да се чувствувате како да е крај на светот, но имаме логичен пристап кој ќе ви помогне во оваа ситуација. Земете кесичка со замрзнат зеленчук од замрзнувачот и ставете ја на вратот. Студот може да ги стесни крвните садови и да помогне во намалувањето на преносот на болка во мозокот. А потоа станете и направете здрав ручек со одмрзнатиот зеленчук.

4. Користете бебешко масло за лесно отстранување на ханзапласт.

Вашата рана конечно зарасна, но тешкиот дел допрва доаѓа. Можеби мислите дека имате 2 опции: да го скинете тој ханзапласт со брзо движење или да страдате полека, но тука има мал трик. Нанесете бебешко масло на самото место и оставете го да отстои една секунда. Сега можете да уживате во отстранувањето без болка.

5. Вежбите за очи ви помагаат при умор и заматен вид.

Поминавте неколку часа прекумерно гледајќи ја вашата омилена ТВ емисија и сега вашите очи изгледаат поцрвени од домат? Да, знаеме како е. Гледајте лево и десно неколку пати без да ја движите главата. Потоа погледнете нагоре и надолу. Повторете ја оваа вежба неколку пати и ќе ја почувствувате разликата.

6. Нанесете мед или шеќер на изгорениот јазик.

Ако сте го изгореле јазикот со топол пијалок, сè уште не се јавувајте во противпожарната служба. Имаме слатко решение за вашата мака, буквално. Додадете блок шеќер или лажица мед на јазикот. Медот е докажано оружје за борба против изгорениците, но не заборавајте да ги четкате забите потоа бидејќи сета таа сладост може да предизвика кариес.

7. Отворете ги широко очите за да спречите плачење.

Го гледате „Титаник“ со вашиот партнер и во одредена сцена некаде при крајот – чувствувате дека очите ви се навлажнуваат за секунда, но не сакате да се издадете. Наместо да извикате „Значи има место да се качи и Џек!“ и да почнете да плачете, држете ги очите широко отворени, затегнете ги мускулите на лицето и навалете ја брадата нагоре – тоа ќе ви помогне со солзите.