До добра фигура може и со добра прошетка! Kако да го извлечете максимумот за фигурата од едноставна прошетка?

Не е важно само да излегувате на прошетка, туку и да го правите тоа правилно. Додека надвор е лето, прошетајте, но за да извлечете максимум од прошетката, следете ги овие неколку едноставни правила:

1.

Одењето ви овозможува да одржите одредено ниво на мускулна маса или да согорите неискористени калории.

 

2.

Не е толку важно каде пешачите, туку колку редовно и колку долги се вашите прошетки.

 

3.

Чекорот треба да биде брз, но не толку брз за да се испотите и да не можете да зборувате додека одите.

 

4.

Запомнете го правилото: се спуштаме на петицата, туркаме со палецот. Така ќе ги зајакнете мускулите на потколеницата, а ќе се подобри и обликот на ногата.

 

5.

При изборот на терен за пешачење дајте му предност на ридското. Одење по нерамни терени ќе го принуди вашето тело да работи понапорно, што ќе резултира со согорување повеќе калории.

6.

Првите 15 минути, чекорот треба да биде умерен (мускулите се загреваат), а потоа зголемете ја брзината во траење од 1 минута. Потоа повторно забавете неколку минути, а потоа зголемете ја брзината повторно 1 минута. Пешачете вака 30 минути.

 

7.

Повикајте ги рацете за да помогнат. Кога се движите во ритамот на рацете и нозете, телото работи поефикасно.