Има и малку светлина во животот на Амбер Херд: Спорд науката, таа го има најсовршеното лице на светот

Не дека се докажа дека е во право во судскиот спор што ја изгуби против Џони Деп, или дека наеднаш има избор на филмски улоги или дека онлајн троловите одеднаш го баталиле своето големо хоби, туку нешто сосема друго: според науката таа го има најубаво лице во светот.

Сето ова е поврзано со познатиот „златен сооднос на убавината“, кој изнесува 1.618. Овој број се однесува на сите карактеристики на лицето, како што се големината на очите/носот/устата и растојанието меѓу нив. Овие формули се применети врз лицето на Амбер Херд и погодете што? Нејзиното лице, според тој сооднос има неверојатна прецизност од 91,85%.

Истражувањето го направи д-р Џулијан Де Силва од Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лице во Лондон.
Доколку треба да го создаде најсовршеното лице, тој би го зел носот на Амбер Херд, веѓите на Ким Кардашијан, очите на Скарлет Јохансон, обликот на лицето на Ријана, усните на Ратајковски и челото на Кејт Мос.