Речно чудовиште од реалниот живот! Среќен рибар фати монструм долг 4 метри и тежок 300 килограми
Локален рибар во Камбоџа улови вистинско речно чудовиште за кое научниците веруваат дека е најголемата слатководна риба на светот.
42-годишниот Моул Тун закачи масивна раја која тежи 300 килограм и е долга 4 метри, соборувајќи го претходниот рекорд на сом, откриен во Тајланд во 2005 година, кој достигна 293 килограми.

Рајата, наречена „Борами“ или „полна месечина“ на кмерскиот јазик, била заробена во реката Меконг, која е позната по тоа што има различни видови големи риби.
Тим научници од истражувачкиот проект „Чудата на Меконг“ помогнаа да се означи, измери рајата пред да биде пуштена назад во реката.

Ознаката, која испушта звучен сигнал, ќе им овозможи на експертите да го разберат однесувањето на рајата низ големата река – таа минува низ Кина, Мјанмар, Лаос Тајланд, Камбоџа и Виетнам. Уредот ќе испраќа информации за следење до следната година.
Реката Меконг е дом на неколку видови џиновски слатководни риби, но притисокот врз животната средина се зголемува.

Конкретно, научниците стравуваат дека големата програма за изградба на брани во последниве години може сериозно да ги наруши местата за мрестење.
Водачот на „Чудата на Меконг“, Зеб Хоган, изјави за АФП: „Големите риби на глобално ниво се загрозени. Тие се видови со висока вредност. Потребно им е долго време да созреат. Значи, ако се ловат пред да созреат, немаат шанса да се размножуваат. Многу од овие големи риби се преселници, така што им требаат големи површини за да преживеат. Тие се погодени од работи како фрагментација на живеалиштата од брани, очигледно под влијание на прекумерниот риболов.“

„Значи, на околу 70 отсто од џиновските слатководни риби на глобално ниво им се заканува исчезнување, како и на сите видови на Меконг.“, додава тој. Хоган бара и документира „мегариби“ скоро 20 години, патувајќи низ целиот свет со надеж дека сам ќе ги види овие невројатни суштества.
Сепак, голем дел од неговата работа е заснована на приказни раскажани од локални рибари кои тврделе дека виделе речни чудовишта од прва рака – но сето тоа се сменило на 13 јуни кога огромната раја била фатена.

Откако Тун ја фатил рибата која соборува рекорд, тој брзо ги предупреди научниците кои дошле до реката за само неколку часа. Тимот ја собра огромната риба во голема церада, привлекувајќи толпа луѓе кон реката и почна да ја мери од носот до опашката. И рибата беше ставена на врвот на три ваги за да се долови нејзината тежина.
Утврдено е дека рајата е женка со добра здравствена состојба и е истиот вид на раја што вообичаено се среќава низ Меконг.

„Џиновската раја е многу слабо разбрана риба. Нејзиното име, дури и нејзиното научно име, се менувало неколку пати во последните 20 години“, рече Хоган, кој исто така е рибен биолог на Универзитетот во Невада.
„Се наоѓа низ Југоисточна Азија, но речиси немаме информации за неа. Не знаеме за нејзината животна историја. Не знаеме за нејзината екологија, за нејзините миграциски модели.“, објаснува тој.
Покрај честа да го фати рекордерот, среќниот рибар доби и компензација по пазарна стапка, што значи дека добил исплата од околу 600 долари.
