Имал само една работа! Баксузен вработен на Кристијано Роналдо залепи во ѕид Бугати Вејрон, вреден 2 милиони евра, во сопственост на фудбалерот
Еден од двата луксузни автомобили што Кристијано Роналдо ги испрати во Мајорка за неговиот семеен летен одмор, доживеа сообраќајна несреќа. Бугати Вејрон вреден 1.98 милиони евра и моќен 900 коњски сили, во сопственост на познатиот фудбалер прилично се уништи.
Се вели дека во тој момент возилото управувал вработен на фудбалерот, а не самиот Кристијано. Несреќата се случила околу 11 часот наутро. Полицијата го истражува инцидентот, но се уште не дала никаков коментар.
Возачот бил неповреден, но предниот дел на скапиот мотор на Кристијано бил оштетен. Кристијано се упатил кон Мајорка со неговите пет деца и девојката Георгина Родригез на 14 јуни. Тие изнајмуваат луксузен дом во подножјето на планините Трамунтана и уживаат во деновите на супер јахтата на Кристијано.
Ова е прв пат Кристијано и Џорџина да се одморат со нивната ќерка Есмералда, чиј брат близнак почина за време на породувањето во средината на април.
Во куќата се очекува да останат уште три-четири дена. Освен неговото Бугати, Кристијано побарал да му го испорачаат и неговиот Mercedes-Benz G-Class за нивниот одмор, среќа па тој пристигнал безбедно.
Вилата во која престојуваат има сопствена теретана, базен опкружен со палми, неколку џакузи, игралиште за одбојка на плажа и мини-фудбалски терен.
Исто така, наводно, има своја капела и шпекулирана „еротска соба“ под имотот, а на истиот имот одмара и поранешниот соиграч на Роналдо, Серхио Рамос, кој го избра местото за претходниот одмор со сопругата Пилар Рубио и нивните деца.
Фудбалерот и неговото семејство ја избраа Мајорка за нивниот летен одмор минатата година пред напаѓачот да објави дека се враќа на Олд Трафорд. Тие престојуваа во историска палата од 10.000 фунти за ноќ на брегот на островот, изградена да го брани брегот од нападите на Британците.