Англиските рејвери од геријатрија: Употребата на кокаин кај луѓето над 60 години е зголемена за 518%

Кога треба да престане забавата? И дали треба да престане забавата?

Општо прифатено е дека вашите 20-ти се време за забава пред да „се смирите“. Но овие Британци имаат поразлична идеја. Тие како што велат ќе престанат да се журкаат кога ќе умрат: „Rave till the grave!“

Повеќе од 3.7 милиони луѓе над 45 години „рејваат“ еднаш неделно во Соединетото Кралство.
Но како што овие „рејвери“ стануваат постари, нивното срце слабее, а дрогата станува појака. Па од пред 10 години стапката на луѓе над 60 години кои се третираат со некои проблеми од кокаин, е зголемена за 518%.

Дали физиологијата ќе се покаже како ултимативен уништувач на забави или овие пионери го отклучија клучот на вечната младост? Скролајте надолу за да откриете.

Главниот човек и регуларен гостин на овие журки, во Њукасл, е Гери Шепард кој има 57 години и обожава Холандски хардкор. А тоа што го одржува во живот на овие журки е шкотскиот амфетамин.

Тој советува дека екстаза е најдобро да се земе кога веќе се стемнува. А неговиот најдобар пријател го претствува како личност од која што може да се научи како да се користи дрога. Најдобриот совет што тој го добил од Гери е: „Секогаш можеш да додадеш, но не можеш да тргнеш“.

Гери живее со мотото „Знај кога да застанеш“, за разлика од неговиот пријател кој починал од предозираност минатата година. Тој е веќе 30 години познат во тие кругови и вели дека никогаш нема да престане да „рејва“.

 

Додека пак 65 годишниот Дејв исто така ужива во добар „рејв“, но некогаш телевизорот е прегласен, а тој сака потивко, па го крши со секира.

Ракот на грлото и хемотерапиите не го спречуваат од разновидноста во неговата „исхрана“. И бидејќи веќе станува имун на толку дрога, додека да се загрее вие веќе сте завршиле на токсиологија. А и погодете што му се плановите за летово?

 

За крај немојте да ја пропуштите и иконата на забавната сцена во Лондон, Томи Мак. Тој има 66 години и 5 пати ја има добиено наградата „Up all night“, а и лесно ќе видите зошто.

Томи Мак во просек неделно конзумира 450 грама дрога, а неговата омилена е кетамин. Во неговиот живот до сега тој има земено 10 кила кокаин, 1.2 кила MDMA(амфетамин), 2000 екстази и 2 кила кетамин.

Како што вели бил добар атлетичар, и можел многу да трча, но сега и кога оди мора да застанува од време на време за да одмори бидејќи чувстува дека срцето ќе му експлодира. Но бидејќи има 4 деца и 6 внучиња и сака сè уште да биде присутен на светот, се одлучи да отиде на еден детален систематски преглед, иако резултатите ќе ги чека со малку дрога и девојки во хотел.

Луѓето кои консумираат многу дроги честопати не ги гледаат ефектите од истата како голема работа. Така да им помогнат да ги разберат вистинските размери на нивната доживотна навика за дрога, тие ги собраа овие личности на едно место и им покажаа колку дрога има поминато во нивното тело до сега и кои се ефектите од тоа.

Сепак нивното оправдување е дека дрогите ослабеле со текот на времето. Прашањето е дали ослабеле или дали тие се имуни? Погледнете ги нивните реакции во видеото.