Дали го користите телефонот непосредно пред спиење? Прочитајте зошто мора да престанете!

Најверојатно не еднаш, сте си ветиле дека ќе си легнете рано само за да завршите со склорање низ социјалните мрежи. Тешко е да го оставите телефонот во друга просторија и да се одјавите, дури и на неколку часа. Но, користењето на телефонот непосредно пред спиење може да влијае на вашето здравје повеќе отколку што сфаќате.

Ние не можеме да одолееме на искушението да бидеме на нашите телефони пред спиење. Па затоа направивме некои истражувања за да откриеме како тоа може да влијае на вашата целокупна благосостојба.

1. Може да ви ги повреди очите.

Ако некогаш сте почувствувале како видот ненадејно да ви се заматил откако сте поминале часови на вашиот телефон, дефинитивно не сте сами. Кога се напрегате додека го користите вашиот паметен телефон, тоа може да доведе до замор на очите , познат и како уморни очи. За да ги заштитите очите, обидете се да ја намалите осветленоста на екранот и избегнувајте да го користите телефонот предолго.

2. Може да ви го наруши сонот.

Кога конечно ќе легнете во кревет на крајот од долгиот ден, можеби ќе ви биде примамливо да поминете уште малку време на проверка на вашите пораки или читање вести. Но, оваа навика не е толку безопасна како што може да изгледа, а користењето на телефонот блиску до спиење може да ве спречи да спиете добро. Сината светлина од вашиот паметен телефон не само што влијае на вашиот вид, туку може да го наруши и циклусот сон-будење, што пак може да предизвика повеќе здравствени компликации.

3. Може да доведе до болки во вратот.

Ако сте запознаени со досадното чувство на болка во вратот, тогаш користењето на телефонот во кревет може да ја влоши постоечката состојба. Кога ја навалувате главата напред за да погледнете на екранот, на места се напрегаат мускулите на вратот, што предизвикува болка. Ако не можете да замислите да легнете без да го проверите телефонот, обидете се да го држите на висина на очите за да избегнете оптоварување на мускулите.

4. Може да предизвика вашата кожа побрзо да старее.

Можеби трошите многу пари на скапа нега на кожата, но нешто едноставно како користење на телефонот во кревет може да ги саботира сите ваши напори. Кога гледате надолу во вашиот телефон, тоа предизвикува да развиете линии и набори на вратот, што пак може да направи да изгледате предвремено остарени.