Овие луѓе не се срамеа да споделат која е најглупавата работа што ја направиле некогаш. Одговорите ќе ве изнасмеат!
Сите ние понекогаш правиме глупави и непромислени работи. Некои од нив имаат доста сериозни последици, а некои стануваат омилената шега на семејните гозби.
Паднавме од столчињата смеејќи се на приказните на овие луѓе кои биле малку глупави и се одлучија тоа да го споделат на социјалните мрежи. Па останува прашањето Која е најглупата работа што вие сте ја направиле некогаш?
1.
На една колешка и кажав дека детето на мојот пријател е родено во престапна година, така што роденденот се слави на 4 години, што значи дека има уште само 3 години. И таа со сета сериозност праша кога тој успеал да порасне толку за ова време.
2.
Како тинејџер секогаш се искрадував од дома околу полноќ и се враќав во 4 наутро. Една вечер кога се вратив, за да не разбудам никој, внимателно ги извадив клучевите од џеб, многу пополека го ставив клучот во бравата држејќи ги другите клучеви на привезокот за да не ѕвечкаат и отклучив. Потоа исто толку внимателно го извлеков клучот од бравата, го ставив во џебот, ја кренав раката за да ја фатам кваката и наместо тоа заѕвонев на ѕвончето…

3.
На училиште се заљубив во една девојка. Таа седеше на клупата пред мене, па јас постојано ѝ зјапав во задниот дел од главата, како што правиме сите кога сме заљубени. Се додека конечно еден ден таа одеднаш се сврте и ме погледна. Наместо да го свртам погледнот и да гледам подалеку како сите нормални луѓе, ме фати паника и само гледав во неа уште 10-15 секунди додека не ѝ стана непријатно и таа го оттргна погледот.
На светлата страна, ако сакав да имам некаква шанса со неа знаев дека треба да делувам брзо и ја поканив на состанок. Од тогаш сме во врска веќе 4 години.
4.
Еднаш отидов кај еден другар, а тој се мачеше со кабелот што оди од Xbox до рутерот. Играта се заглави, па реши да го исправи кабелот, да ги отстрани сите превиткувања и јазли за „интернетот да оди подобро“. Изгледа сериозно мисли дека интернет кабелот е градинарско црево.

5.
Го однесов автомобилот на поправка. Мајсторот ми се јави, рече, може да дојдете да го земете. Сакав да излезам од дома, но не можев никаде да ги најдам клучевите од автомобилот. Ја претурив цела куќа и никаде ги немаше. Се јавив на мајсторот во паника дека не можам да дојдам, ги изгубив клучевите. Тој толку љубезно ми одговори дека клучевите се кај него.
6.
Мојата сопруга, ќерка ми и јас сме на пасошка контрола. Јас стојам во едната редица, жена ми во другата: решивме дека вака ќе биде побрзо. Ми се ближи редот за контрола, ја фаќам Даша за рака и одам до кабината на цариникот, се вртам кон жена ми, а ќерка ми стои со неа. И во моментот сфаќам дека сум грабнал некоја друго девојче. Таа дури и не пружила отпор и молчела.

7.
Купивме бела плишана мечка за дете што пее песни. Ќерката е среќна, сите се среќни. Само што многу се валка и мора редовно да ја перам. И секој пат, за да ја исперам, ја откорнував од страна, го вадев механизмот на батерија и потоа го шиев назад. Живеевме вака шест месеци, додека брат ми не дојде на гости, само отиде и го отвори велкрото на задниот дел на мечката каде што стоеше механизмот. (велкро е ткаенина како лепенка)
8.
Еднаш ја зголемив осветленоста на екранот на телефонот пред да направам скриншот на екранот, така што сликата беше „светла“.
9.
Неколку години работев во козметичка компанија, презентирајќи им нови колекции на вработените во продавниците за парфеми. Понекогаш морав да се справам со самите купувачи. Се случи по мој совет една госпоѓа да ја купи познатата пудра во разнобојни топчиња. По некое време, повторно се најдов во холот на оваа филијала и ја запознав истата госпоѓа. Нејзиниот гнев немаше граници: „Ми вети сјај и свежина на кожата! Па, каде се тие? Земам по една топка секој ден – и не се случува ништо!!!“

10.
Носам контактни леќи. Еднаш се обидов да ја извадам леќата од окото, но не ми излегуваше. Отидов да кукам, се жалев, барајќи од сите околу мене да помогнат. Како резултат на тоа, отидов кај офталмолог. Внимателно ме прегледа и рече дека воопшто нема леќа во окото. Беше срамно.
11.
Сигурно имав 5 или 6 години Имав одлична сјајна паста за заби. Сестра ми ме убеди дека светките не треба да се јадат и се штетни. Така седнав во дневната соба половина час и плукав плунка на тепихот. Зошто на тепих – не знам.

