10 кратки вицови за љубителите на црниот хумор
– Зошто пациентите во лудница ги држат разделени?
– За да не формираат влада.
– – – – – – –
– Каква прекрасна вазна! А зошто не ставите и цвеќиња внатре?
– Затоа што во неа е пепелта на мојот сопруг!
– Господи Боже! Многу ми е жал! Не знаев дека сопругот Ви починал!
– А, не! Жив и здрав си е! Ама си ја тресе цигарата каде што ќе му текне!
– – – – – – –
– Зошто кинеските деца не веруваат во Дедо Мраз?
– Зошто тие ги прават играчките.
– – – – – – –
Нашата медицина е вистински помошник на владата во оптимизација на трошоците при пензиската реформа!
– – – – – – –
Фразата „Ти си последниот човек, на кого би сакала да му нанесам болка“, ме наведува на две мисли:
1. Оваа жена има список.
2. И јас сум на тој список.
– – – – – – –
Поделеност на личноста:
Душата ти оди на плажа, а телото на работа.
– – – – – – –
– Мамо, денес на училиште учевме како се прават експлозиви!
– Браво, сине. А утре што ќе учите на училиште?
– Кое училиште?
– – – – – – –
Брачен пар има две прекрасни ќерки. Третото дете е грд син!
Сопругот загрижено: Ти да не ме изневери случајно?
Сопругата: Не, овој пат не!
– – – – – – –
Во одделение на Брза Помош:
– Кој пациент чакаше за преврска???
– Си тргна човекот… Раната му зарасна…
– – – – – – –
– Келнер! Каква е оваа свинска вешалица??? Одвај ја џвакам, а вкусот е никаков, како да јадам текстил!
– Господине, не е лошо прво да си ја симнете маската…