„Знаеш ли кој ме прати?“: Измамници од Тетово играле на „картата познат бизнисмен“ и успеале да изнудат пари од келнер во угостителски објект

Вчера две лица од Тетово и Мала Речица се приведени откако биле пријавени за измама. Двајцата осомничени, Б.Д. (24) и Р.М. (46) на келнер во тетовски угостителски објект му кажале дека ги „испраќа познат бизнисмен“ затоа што итно треба да му бидат доставени паери и во неколку наврати успеале да земат од него 18.000 денари.

Поточно на 22.06.2022 околу 13.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Д.(24) од тетовска Мала Речица и Р.М.(46) од Тетово. Претходно, тие биле пријавени од вработен во угостителски објект дека претходната ноќ лажно претставувајќи му се во име на друго лице, управувајќи такси возила, во неколку наврати го измамиле, а тој им исплатил 18 илјади денари.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 247 од Крвичниот законик.