Родителите напаѓаат со багер за да го спасат синот од апсење

Оваа забегана случка е снимена на имотот на родителите во Хардвик, Вермонт, САД, кога полицијата дошла за да уапси 24-годишен млад човек осомничен за напад и провала.

Родителите на осомничениот се обиделе да го спасат синчето од апсење, а откачениот татко отишол дотаму што им се заканувал на двајцата полицајци со багерот. На крајот, никој не бил повреден, а наместо само синот, сите тројца членови на семејството биле уапсени.